Азербејџански воен хеликоптер погоден од силите на Нагорно Карабах се урна во Иран

308

Противвоздушните сили на самопрогласената република Нагорно Карабах погодија хеликоптер на азербејџанската воена авијација што летал во должина на линијата на конфронтација. Авионот подоцна се урна на територијата на соседен Иран, соопшти денеска претставничката на ерменското Министерство за одбрана Шушана Степанијан.

Министерството за одбрана на самопрогласената република Нагорно Карабах соопшти дека овој инцидент на соборување на авионот на територијата на Иран не бил намерен.

„За жал, ваквите инциденти се неизбежни, бидејќи борбите се одвиваат недалеку од иранска територија“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.