Легендарниот репрезентативец на Англија, Рио Фердинанд, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека Еден Азар, во погрешно време ја прифатил понудата за трансфер во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

За време на летниот преоден рок, раководните лица на Реал (М) и на Челзи, постигнаа договор за трансферот на Азар кој беше купен од „кралскиот клуб“ за 100 мил. евра.

И со него во тимот, Реал (М) бележи просечни игри во домашниот шампионат, а во Лигата на шампиони доживеа убедлив пораз (3:0) од ПСЖ.