Азар е на продажба

128

Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) откри дека раководните лица се подготвени да ги разгледаат сите официјални понуди кои ќе бидат наменети за белгискиот интернационалец Еден Азар. Челниците на „кралскиот клуб“ не кријат дека се разочарани од ефектот и од реализацијата на најскапата аквизиција во клупската историја и затоа се подготвени да седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.