Фудбалерот на Реал (М), Еден Азар направи чекор кон враќање на зелениот терен. Белгискиот играч за врска одработитренинг, во кој беше вклучена топка за прв пат по неколку недели.
Според шпанските медиуми, можно е поранешниот играч на Челзи да биде во комбинација за претстојниот натпревар со Бетис следната сабота.
- Еден е подобар. Не смееме да брзаме. Треба да биде 120 проценти, рече тренерот Зинедин Зидан.
Азар тренираше со тимот за време на викендот со цел да го забрза закрепнувањето. Иско, Марко Асенсио, Лукас Васкез и Едер Милитао исто така работат на враќање на својата форма.