Додека едните се срамат од својот изглед и не можеме да ги видими во нивно природно издание, Адријана Алачки нема никаков проблем со тоа. Иако и таа, како и секоја жена, каде и да се појави гледа да биде средена, со шминка и фризура и внимателен избор на облека.

Водителката и пејачка деновиве на својот Инстаграм докажа дека е горда на нејзиниот изглед. Таа не крие и дека користи разни третмани за лице, па објави фотографија на која се гледа сето тоа. А, од фотографијата се гледа дека Адријана на нејзиното лице има и пеги бидејќи на истата е без грам шминка.

Фото: Инстаграм

Но, она што е најважно е дека и другите треба да бидат храбри и да се угледаат на некои јавни личности кои и да се без шминка имаат смелост да бидат видени од сите.