Адриан Гаџа девојките го сметаат за еден од најзгодните, а госпоѓите го посакуваат за зет!Македонскиот поп-пејач  ја освои и албанската естрада

473

“Освен во песната, вљубен сум и во угостителството, а моето мото е: „Дојдете ми како гости, заминете си како мои пријатели“, искрен е Адриан за весникот ВЕЧЕР, а тој на времето пееше и во дует со кралицата на песната, Есма Реџепова  

(Дуле Миќиќ/фото:ФБ-Инстаграм)

Адријан Гаџа е добро познат македонски поп-пејач, од татко Албанец и мајка Македонка. Роден е на 13 февруари во Скопје, а наредната година ќе наполни 39 години. И ако својата музичка кариера ја започна со македонски забавни песни, а 2008 година пееше на финалето на „Песна на Евровизија“, во Белград, и на македонски јазик со Тамара и Врчак, тој сепак продолжи со албански песни. Тоа наеднаш му донесе уште поголема популарност во соседна Албанија. Инаку, со професионално пеење започна во 2001 година на музичкиот фестивал Nota Fest во Скопје. Тогаш ја освои првата награда и од жирито и од публиката.

Има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик. Учествуваше и на фестивалите Videofest во ПриштинаМакфест во Штип, а ја освои првата награда на Охрид-Фест. Во 2006 година беше вицешампион на Скопскиот фестивал на кој се одбираше македонската песна за Евровизија, кога Гаџа со песната „Љубов е..““ пееше во дует со кралицата на песната, Есма Реџепова. Неговиот брат Driton е познат виолинист кој живее во Виена, и физички многу си личат. Адриан Гаџа е воедно писмен музичар, има завршено музичко и свири на неколку инструменти.

 

Сепак, неговите албуми со албански забавни песни во Албанија му донесоа голема популарност, концерти, ТВ-настапи, а и одлична заработувачка. Особено со песната “Ngjyra e kuqe” (Црвена боја), која беше голем хит на радиостаниците, на социјалните мрежи, а на Јутјубканалот има над 8 милиони кликања. Од албанските летни турнеи на јадранскиот и на јонскиот брег не можеше глава да крене. Така беше и ова лето. Девојките го обожаваат и го сметаат за еден од најзгодните балкански поп-пејачи, а Госпоѓите во пристојни години го посакуваат за зет. Но, Адријан е сè уште ерген! Кога ќе се жени, не знае ни самиот. Вака му е поубаво. Има доволно време да ѝ се посвети и на музиката. Адријан е „растргнат“ со повеќе работни обврски.

– Цело лето бев по патиштата, вели Адријан за весникот ВЕЧЕР. Некои другари ме задеваат, па во шега ме прашуваат: „А, каква е состојбата со патиштата?“. Нели, со оглед на тоа дека и не се нешто умот да ти застане,  барем не кај нас овде во Македонија. Сакам да објаснам дека имав навистина голем број обврски, не само со естрадата, туку и со угостителство. Нели се знае дека во Скопје имам ресторан „Ча-Ча“. А, кога имате ресторан, тогаш денот ви трае 24 часа, немате време за некој си посериозен одмор. Вљубен сум во угостителството, а моето мото е: -Дојдете ми како гости, заминете си како мои пријатели!

Неговиот ресторан „Ча-Ча“ е на површина од 300 м2. Во него има сè што ќе посакате, а што се однесува до вкусната храна. Самиот внатрешен ентериер е исто така елитен, за пофалба по терк на најмодерните светски ресторани. Адријан често престојува во Италија, па и од таму носи голем број впечатоци од нивните ресторани, применувајќи ги на свој начин во својот скопски ресторан. „Ча-Ча“ за кусо време стана омилено место на голем број македонски пејачи. Сите тие носталгично се сеќаваат на претходното старо кафуле-ресторанче во Старата скопска чаршија од 80-тите години, кој исто така се викаше „Ча-Ча“. Кафулето „Ча – Ча“ беше место во кое се забавуваше добар дел од скопскиот џет-сет.

Гаџа е активен единствено на „Тик-Ток“ каде што споделува свои видеа од кои се гледа дека сè уште е во одлична физичка форма во поглед на танцувањето. На другите социјалните мрежи ретко е присутен. Но само за читателите на весникот ВЕЧЕР освен фотографија со својот пес-миленик, пејачот подарува и една најнова убава фотографија од плажата во Грција.

Таму беше на продолжен викенд и се освежува со летен овошен безалкохолен пијалак. Веднаш се забележува дека интензивно тренира во теретана, со оглед на тоа дека мускулите очигледно му доаѓаат до израз. – Не е се само до мускулите, туку во прашање е да се има и добро здравје, особено во ова време-невреме. Правам идеални комбинации: со здрава храна од мојот ресторан и вежбањата во теретана.                   – Па, како тогаш да не се вљубиме во Адријан, во тоа неговото тело-ремек дело, се најчестите коментари на социјалните мрежи од страната на девојките од Балканот, упатени на адресата на пејачот.