Грчкиот кошаркарски џин и актуелен МВП на НБА-лигата, Јанис Адетокумбо, имал средба со сопствениците на Милвоки околу неговата иднината. Гркот е во лигата веќе седум години и досега не успеа да се пласира во големото финале.

Според Крис Хејнс од „Јаху Спортс“, Јанис се сретнал со Марк Лесри од сопственичката структура. Грчкиот кошаркар престанал да ги следи сите соиграчи, како и тимот од социјалните мрежи, што апсолутно не мора да значи ништо, но доволно е луѓето да започнат да шпекулираат за евентуално напуштање на тимот. Адетокумбо пред неколку дена рече дека не сака да го напушти Милвоки, а многумина овој состанок го протолкуваа како преговори во врска со неговото продолжување на договорот. Јанис влегува во последната година од договорот, а оваа есен може да потпише петгодишен договор вреден 254 милиони долари.