Сопствениците на Милвоки и најдобриот играч на тимот, Јанис Адетокумбо, одржаа состанок на кој разговараа за иднината на грчкиот репрезентативец. Јанис и следната сезона ќе игра за Бакс, а во 2021 година ќе биде слободен агент.

Милвоки пред да заврши наредната сезона најверојатно ќе му понуди на Јанис максимален договор вреден 254 милиони долари, но тоа не гарантира дека Гркот ќе остане во клубот, а според американските медиуми се ќе зависи од сезоната 2020/21.

Од тимот му ветиле на Јанис дека ќе му донесат неколку супер-ѕвезди со кои ќе ја нападне титулата во НБА лигата, што една од целите за да остане овој вундеркинд во Милвоки.

Овој тим ќе се обиде да ја прекрши границата за плаќање на данок на луксуз, поради што следната ќе мора да го одврзе ќесето за над 132 милиони долари. Оваа сезона заврши многу лошо за Милвоки, имајќи предвид дека Мајами ги победи со 4-1 во полуфиналето на Истокот.

Сопственикот на клубот, Јанис и неговиот агент ги завршија сите разговори поврзани со следната сезона, а Бакс сериозно ќе се засили оваа есен.

Мајк Бунденхолцер останува тренер, а сопствениците и Адетокумбо ќе зборуваат за засилувања кога Гркот ќе се врати од одмор.