Мила Царовска денеска ја презеде должноста министер за образование и наука од
досегашниот министер Арбер Адеми. Тој, како вистински џентлмен, колешката ја пречека со букет цвеќе.
На примопредавањето Царовска и Адеми разговараа за тековните процеси во
Министерството за образование и наука, како и за идните планови и предизвици, за
соработката во изминатиот период, особено во создавање инклузивно образование,
јакнењето на средните стручни училишта и пилотирањето на дуалното образование,
информираат од Министерството.
– Царовска на средбата истакна дека нејзиниот врвен приоритет, а истовремено и
приоритет на новата Влада, е започнување на учебната година 2020/2021 во услови
кога земјата се соочува со пандемија на Ковид-19 од светски размери.
Царовска на состанокот со Адеми рече дека ставот на новата Влада е да ја започенеме
учебната година на 1 октомври со комбиниран модел на настава. За таа цел веќе се
подготвени и усвоени протоколи за учење со физичко присуство, а во тек е и
изработка на единствена национална платформа за учење на далечина, соопшти МОН.