Дома МАКЕДОНИЈА Адеми: СДСМ ќе има повеќе Албанци на изборните листи

Адеми: СДСМ ќе има повеќе Албанци на изборните листи

277

Министерот за дијаспора од редовите на СДСМ Едмонд Адеми во телевизиско гостување на ТВ21 изјави дека неговата партија за следните парламентарни избори ќе вклучи повеќе Албанци на изборните листи во споредба со претходните во 2016 година. Во моментов СДСМ во Собранието има тројца пратеници Албанци – Мухамед Зекири, Ѓулсер Касапи и Агим Муртезани.

Сѐ уште е рано, но сигурен сум дека на изборната листа на СДСМ за изборите на 12. април, ќе има повеќе Албанци. Кога ќе дојде времето, ќе ги објавиме, рече министерот синоќа во телевизиското студио.

Пред изборите во 2016 голем број на етнички Албанци се приклучија во членството на СДСМ, а оваа партија благодарение на гласовите од припадниците на втората најголема етничка заедница во Македонија загуби за само околу 20.000 гласа помалку од ВМРО-ДПМНЕ и потоа фомира коалиција со ДУИ.

СДСМ од 2016 година па наваму, се смета за граѓанска партија, а тоа го докажа и на терен и со средбите, и со гласовите што ги освои. Не велам дека би ја водел кон тој правец дека е македонска партија која треба да коалицира со албанска партија, бидејќи во Владата на РСМ,  имате четири главни албански партии во коалиција, односно СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива, рече Адеми.

Тој додаде дека СДСМ ќе ги добие и овој пат албанските гласови затоа што, како што вели тој, го подобриле стандардот на сите граѓани.