Адеми: Останувам на ставот дека наставата треба да биде со физичко присуство

80

Поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека останува на ставот дека учебната година треба да биде со физичко присуство на учениците.

Секако дека останувам на тој став и уште тогаш како министер реков дека организирање и реализирање на учебната година со физичко присуство нема замена и треба храбар чекор да преземеме во овој правец и да очекувме кои ќе бидат предизвиците од организирање на наставата со физичко присуство, рече Адеми.