Адел долго време не се огласуваше на социјалните мрежи, а потоа ги воодушеви сите кога  објави фотографијата од нејзино природно издание.

Пејачката со прекрасни вокални способности позираше пред нејзиниот ТВ, а нејзините следбеници уште еднаш беа воодушевени од нејзиниот изглед: покрај тоа што драстично изгуби тежина, Адел се фотографираше и без шминка и неисфенирана коса. Додека досега претежно носеше права коса, Адел покажа дека и нејзините кадрици изгледаат одлично. Во оваа прилика, таа и оддаде  почит на нејзината колешка Бијонсе  која неодамна објави нов албум.

– Благодарам, кралице, што секогаш нè правиш сакани преку твојата уметност, напиша Адел.