Адел како „секс бомба“ на насловницата на „Вог“/ФОТО

227

Британската мегаѕвезда Адел влезе во историјата како единствена жена која сподели две корици на списанието „Вог“ во истиот месец – британска и американска.

Во ексклузивното интервју за ова списание, првото што го даде во последните пет години, пејачката зборуваше за разводот од сопругот Симон Конецки, но зборуваше и за зависноста од алкохол и нејзиниот нов партнер Рич Пол. Таа вели дека се плашела да не заврши како нејзината покојна колешка Ејми Вајнхаус.

Во жолтиот фустан, Адел позираше за британското издание на списанието, а во зелено – за американскиот „Вог“. За фотографиите објавени покрај нејзиното интервју, таа носи и елегантна кошула и јакна. Меѓу другото, таа позира и во тесен црн фустан. За сликите, Адел доби над три милиони допаѓања.

Во интервјуто, таа говори и за слабеењето изминативе две години.

– Не сакав само да ослабам, туку да станам силна. Мислев, ако станам физички силна, тогаш ќе ги контролирам и моите емоции. Вежбам два или трипати на ден, вели Адел.

Околу разводот од Симон Конецки, признава дека го напуштила затоа што не била така среќна во тој брак како порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

– Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би бил мизерна, ако не се ставам себеси на прво место, појасни пејачката, начнувајќи ја и досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.

 

View this post on Instagram

– Тој е толку забавен и инелигентен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа со мене во јавност. Беа под стрес. На богатите не им е грижа, не му пречи, раскажува Адел.

Инаку, Адел неодамна објави кусо видео како најава за новата песна „Easy On Me“ којашто треба да излезе на 15 октомври. Обожавателите на пејачката се воодушевени и се очекува оваа песна да биде хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)