Атрактивната поп-пејачка од Македонија, Аделина Тахири, ова лето вистински ужива во животот. И секако дека не е сама. Друштво ѝ прави кој, ако не нејзиниот сопруг, познатиот скопски адвокат Серјожа. Тие веќе беа во Бодрум, на албанскиот дел од Јадранот, на грчкиот остров Миконос, на Парос, секако со луксузна јахта, во скапи туристички комплекси и облечени во брендирани модни парчиња.

Пејачката ја дели својата радост и со своите обожаватели, преку Инстаграм, а тие ѝ порачуваат дека така треба да продолжи, бидејќи животот е само еден и нема реприза! Да си пее и да си патува за своја душа!

– Убавице, биди си и остани тоа што си, како за своите македонски фанови така и за албанските. Во музиката нема поделби. Најдобро е кога добро се чувствуваш, а ние се чувствуваме и повеќе од добро кога гледаме дека си среќна, со Серјожа!  (Д.М.)