Аделина Тахири гламурoзно, со песните на Џеј Рамадановски, за првиот роденден на синот Јон

318

Пејачката Аделина Тахири, која важи за една од најзгодните на македонската естрада, пред некоја вечер на својот син Јон му го славеше првиот роденден. Гламурозно и незаборавно, со шампањско и сино-бела торта, додека за добрата забава беше задолжен српско-македонскиот фолк пејач Џеј Рамадановски. Роденденската забава се одржа во семејната куќа во Злокуќани со многу одбрани гости, па Аделина сподели неколку фотографии со своите фанови. Аделина е инаку во среќен брак со адвокатот Серјожа Марков. Таа и онака e природно убава, a на забавата дополнително блескаше во светкавиот бел фустан….