Адвокат Дукоски: На Боки 13 му откажа бубрегот, мокри крв и не може самостојно да врши нужда

95

Откако е во притвор досега, Боки 13 30 пати бил на медицински интервенции и сите извештаи на медицинските лица велат дека Јовановски мора да биде итно хоспитализиран. Но затворскиот лекар тоа упорно го одбива, изјави адвокатот Сашо Дукоски, бранител на Бојан Јовановски. Тој наведе дека неговиот клиент е сериозно болен и дека животот му е опасност. Посочи дека поради лекарска грешка при интервенцијата за намалување на тежината, односно при подврзување на желудникот, храната му се враќа во хранопроводот и дишните патишта.

-Неговата ситуација се влошува од ден на ден. Кога се наожа во хоризонтална положба, односно кога лежи, храната и желудочните течности му се слеваат во душните патишта, при што според лекарско мислење, може да настапи моментална смрт, изјави Дукоски.

Тој вели дека здравствената состојба на Боки дополнително се влошила недодамна кога му се слишило, а докторите на Клиника констатирале дека еден бубрег му откажал.

-Тој мокри крв, не може самостојно да се двиѓи и да врши голема нужда, а има крвава столица, додае адвокатот Дукоски кој се пожали на однесувањето на на судските и медицинските органи.

Тој вели дека затворскиот лекар не дозволува да се хоспитализира иако лекарите од клиниките го бараат тоа.

-На 14 октомври добиваме нови извештаи од болницата „8 Септември“ и од една универзитетска клиника во Скопје во кои е констатирано дека Јовановски има еден нефункционален бубрег, задебелување. Бојан добива антибиотска терапија, која мора да биде извршена во клинички услови, но тоа не се прави. На 3 ноември Јовановски повторно се упатува на преглед во „8 Септември“ од каде имаше сериозно предупредување до затворските службеници за тоа дека мора да почне антибиотска терапија. Конечно на 5 ноември тоа почна да се спроведува. Но, судските органи упорно одбиваат да издадат решение за хоспитализирање на Јовановски. Ова се сериозни прекршоци на основните човекови права“, изјави Дукоски и најави поднесување на неколку кривични пријави за сурово и нечовечко однесување.