Камил Васкез, адвокатката на холивудскиот актер Џони Дип, му го спасила животот на повозрасен патник кој се онесвестил и ја удрил главата за време на летот од Лос Анџелес до Њујорк.

Човекот паднал на подот додека поминувал покрај неа и нејзиниот телохранител. Кога стјуардесите почнале да викаат за помош, Васкез веднаш станала и притрчала да му помогне на несреќниот човек.

Адвокатката го контактирала својот пријател доктор кој и објаснил како да провери дали човекот можеби има срцев удар или крварење во мозокот и следејќи ги упатствата усепала да го спаси.

Една од стјуардесите по настанот изјавила дека Камил васкез е „чудесна жена“ и и поклонила шише шампањско.

Авионот потоа се вратил на аеродромот во Лос Анџелес, а кога слетале човекот бил освестен и веднаш пренесен во болница.