Адвокатите на Белата куќа ќе изнесат аргументи во судењето за импичмент на Трамп

38

Адвокатите на Белата куќа денеска треба да ги изнесат нивните аргументи во судењето за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп, еден ден пред почетокот на постапката.

Во претходен, пократок одговор на наводите за импичмент одобрени од Претставничкиот дом, адвокатите изјавија дека Сенатот мора да ги отфрли обвиненијата против Трамп затоа што тие „се засноваат на опасни уставни прекршувања кои што би нанеле трајна штета на структурата на власта“, пишува Гласот на Америка.

Тие тврдат дека Домот се обидува да ја поткопа моќта на претседателот да ја одредува надворешната политика и дека се обидува да ја контролира и казни извршната власт за истакнувањето на нејзините уставни привилегии.

Во врска со обвинението дека Трамп ја злоупотребил својата моќ барајќи од странска држава да покрене истрага што ќе му биде од политичка корист, адвокатите тврдат дека Домот се обидува да ја поткопа моќта на претседателот да ја утврдува надворешната политика.

Законодавците ќе одлучувааат дали Трамп извршил „високи кривични дела и прекршоци“, стандард на Уставот на САД поставен за отстранување на претседателот од функцијата. Сепак малку е веројатно дека сенатот со републиканско мнозинство ќе го осуди Трамп, кој е републиканец, бидејќи се потребни две третини од гласовите за претседателот да биде отстранет од Белата куќа.