Дома МАКЕДОНИЈА Адвокатаката на Јанева ќе бара укинување на притворот

Адвокатаката на Јанева ќе бара укинување на притворот

68

Влошена е здравствената состојба на поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска синоќа во интервју за 21.

Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

Како што најави адвокатката Ирена Фрчкоска во интервјуто  можна е тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО. Двете одлуки, како што вели адвокатката се уште не ги добиле.

Фрчкоска додаде дека ќе бара укинување на притворот за Јанева и да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.