Пејачот Андам Лабунски замина во Турција иако сите првично мислеа дека станува збор за летување, напротив тој таму и приреди изненадување на неговата сакана. Тие заминаа во Истанбул, но за да биде порoмaнтично Адам на Босфор ја запроси неговата девојка Џејлана Дачиќ, која со задоволство прифати да биде негова животна сопатничка. Инаку таа е од градот Рожаје, Црна Гора, а во месецот јуни наполни 22 години.
Адам Љубовта кон музиката ја наследи од неговиот татко Ибро Лабунски, со кого настапи на „Гоце фест“ и „Валандово фест“ во 2009 година. Сепак, публиката во целиот регион за него дозна во 2015 година, кога тој се натпреваруваше во „Пинкови ѕвезди“.Тој успеа да се пласира во финалето, но победата му избега за влакно. Сепак, овој натпревар му отвори многу врати во светот на музиката. Адам продолжи да настапува и честопати го придружуваше својот татко на неговите гостувања.
Со цел уште повеќе луѓе да слушнат за него, тој се пријави да учествува во 13. сезона на музичкото натпреварување „ Sвездите на Гранд“. Тој успеа да ја помине аудицијата и да се најде во студиото пред жирито и публиката. За свој ментор ја избра Марија Шерифовиќ и заедно започнаа да работат на неговиот пејачки и сценски настап. Како одминуваше натпреварувањето, Адам доби се подобри и подобри коментари и се поголем број на обожаватели од целиот регион. Сепак, во април 2019 година, „Гранд“ продукција објави дека тој е дисквалификуван за несоодветно однесување, а Марија тоа го потврди на нејзиниот инстаграм-профил. (М.А.)