Агни Авшар, ново име на македонската музичка сцена: Со песната и спотот за “Сознавам“ ја разбранува естрадната монотонија

233

Агни е воедно пресреќна што во нејзиниот спот се појавува диџеј Таламаска, еден од најомилените светски диџеи…

Агни Авшар е ново, не толку познато име на македонската музичка сцена. Таа не е од оние комерцијални пејачки, комерцијалните песни воопшто не ја интересираат,            а компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот во музиката.                    За создавање на песната “Сознавам“ и беше потребна цела една година. Откако сè си дојде на свое, тогаш Агни влезе во студио да ја сними песната, а веднаш потоа и спотот. Сè со највисок квалитет! Спотот се снимаше низ цела Македонија, а сето тоа го има осмислено режисерот Дарио Јанковиќ (на сликата).

Агни е пресреќна што во нејзиниот спот се појавува диџеј Таламаска, еден од најомилените светски диџеи. Македонската музичка сцена на тој начин добива квалитетен производ во ова време-невреме за македонската естрада на која и онака скоро ништо поинтересно не се случува.                                                                    А, сепак, ете, се случува да има и вакви нови талентирани имиња како што е Агни.  Таа ја разбуди нашата естрада од длабок сон, ја разбранува!                                  Така што за песната “Сознавам“ како автор на музиката и аранжманот се потпишува познатиот битолчанец Никола Мицевски, додека пак текстот е дело на Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. (Д.М.) foto:YT