На една недела пред стартот на новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, екипата на АВ Охрид го откажа своето учество.

Ова повлекувањето предизвика шок меѓу охридската и македонската кошаркарска јавност, а „галебите“ го потврдиле и во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) преку официјално соопштение. Охриѓани имаа големи планови во новата сезона, се засилија со неколку искусни и квалитетни домашни кошаркарки, донесоа и Американци, а тренерската функција ја презеде Марјан Илиевски.

Охриѓани во пресрет на новата сезона потпишаа со искусни домашни кошаркари како Марјан Младеновиќ, Игор Пенов, Александар Штерјов, Адем Мекиќ и Војче Левкоски, а ангажирани беа и добро познатите српски интернационалци Игор Мијајловиќ и Данило Мијатовиќ, заедно со Американецот Маркус Џексон.

Сепак, иако не е реализиран амбициозниот проектот – АВ Охрид згасна.

Овој клуб е вториот тим што згасна пред почетокот на сезоната, откако претходно истото го направи и тимот на Блокотехна, што значи дека Првата лига сега брои десет клубови.