Авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, доби закана по живот откако го поддржа Ружди

248

Авторката на „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг, на Твитер доби закана по живот откако го искажа својот став за неодамнешниот напад врз британскиот писател, Салман Ружди.

Имено, Роулинг јавно го поддржа Ружди, притоа искажувајќи колку е ужасната од таквиот чин.

„Ужасни вести. Ми се гади од ова. Оздравете“, напиша таа, а на тоа следи реплика на Меер Асиф Азиз, кој се претставува како студент, социјален и политички активист, која гласи: „Не грижи се, ти си следна“.

Писателката направи скриншот од јавната закана и се обрати до Твитер за поддршка, алудирајќи на нивната политика за закани и говор на омраза.