Автопатот Миладиновци- Штип ќе биде пуштен во употреба, ама не се знае кога

522

И покрај најавите и оваа недела автопатот Миладиновци – Штип не се пушти во употреба. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска со ново ветување дека автопатот ќе биде пуштен за неколку дена. Отворањето на оваа делница неколку пати досега беше одложувано, а според првичната проекција, тој требаше да биде готов уште пред две години.

„Да точно е кажав во изјавата дека ќе се пушти оваа недела, сакам да посочам дека овие денови тој ќе биде пуштен во употреба, да не фиксираме датум, ама овие денови“, истакна Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.