Шокантна вест ни доаѓа од САД, каде што две деца, на возраст од шест и осум години, ги загубиле животите на трка во Тексас – додека уште осум лица се повредени!

Страшниот инцидент се случил на познатите „трки за забрзување“, кои се одржаа на еден аеродром. На самата писта каде што автомобилите се подготвуваа за старт, од страната се наоѓаше публиката. Еден од возачите во одреден момент загубил контрола над возилото и излетал од патеката, а последиците биле фатални.

Медиумите во САД пишуваат тешко повредени се уште осум лица, меѓу кои и една 46-годишна жена, дете од четири години, бебе од три месеци. Сите биле пренесени во најблиската болница, а повреден бил и возачот, кој, сепак, е во стабилна состојба, но неговиот идентитет не е соопштен. Истрагата е во тек, соопшти полицијата во Тексас и дополнително ќе се утврдат причините за несреќата.

Настанот бил промовиран како „ден за забава на целото семејство“, каде што фановите можеа да ги гледаат најбрзите автомобили кои се натпреваруваат за награда од 10.000 долари. На патеката ималое пластични бариери полни со вода, додека настанот го следеле околу 35.000 луѓе.