Автомобил излетал од коловозот на булеварот „Словенечка“, тешко се повредени три лица

246

Ноќеска, триесетина минути по полноќ во полиција било пријавено дека на булеварот „Словенија“ во близина на крстосницата со улицата „Македонска Косовска бригада“ и булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(47) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Е.А.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Е.И.(25) од Скопје, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.