Автобус на ЈСП излета на Матка, има повредени

413

Во четвртокот вечерта во 18,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Д. Матка – с. Г. Матка автобус “Јутонг“ на ЈСП, управуван од М.Б.(55) од Скопје излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од с. Матка, скопско, кои биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, се веливо соопштението од МВР.