Во холандскиот град Утрехт 316 автобуски станици сега имаат зелен кров. Зазеленувањето доаѓа со цел да се сочува биолошката разновидност, но и да се подобри квалитетот на воздухот. Покрај тоа што сега изгледаат пошарени и повесели, ваквите кровови помагаат при елиминација на прашината, складирање на дождовница, а обезбедуваат и ладење во лето. А, најмногу ги сакаат пчелите.

Вакви промени во Утрехт потикнаа граѓаните, кои побараа своите кровови да ги претворат во зелени градини, за што можат да побараат и субвенции.

Со зазеленувањето во градот температурите паѓаат и по неколку степени. Пчелите кои летаат од кров на кров воопшто не обрнуваат внимание на патниците, па градските власти на Утрех тврдат дека тие воопшто не треба да се плашат од убоди.