Автобусите на ЈСП до и од Водно превезоа над четири илјади патници

54

Педесет и четири возачи викендов заработија казни за паркирање во зеленило на Водно. И овој викенд градските комунални редари вршеа засилени контроли со цел да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.

– Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација. Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористија над 4.000 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 332 возила според бројот на испратени СМС пораки – информираат од Град Скопје.

Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси.