Автобусите на ЈСП денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред

34

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека денеска поради неработен ден поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП посочуваат дека дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 19:30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот билетарницата во Ѓорче Петров.