Автобиографскиот роман „Заробена во сопственото тело“ од писателката Марга Велеска е промовиран во Скопје.

Според авторката, приказната раскажува за една „необична девојка“ со попреченост, за некој кој „ќе го избрка (или не) сето црнило со еден замав“, и за поигрувањето со чувствата на најчувствителните.

-Ова е одличен, невообичаен, автобиографски роман којшто никого нема да го остави рамнодушен, а најмногу лицата со посебни потреби, изјави Велеска.

Ова е втора нејзина книга, но прво прозно дело. Нејзината порака до лицата со попреченост, но и луѓето воопшто, е да не молчиме и да не бегаме од тоа што нѐ тишти. Пишувајќи за својот живот, вели, им укажуваме и на другите дека не се сами.

– Инспирацијта ми се лицата со посебни потреби. Кога судбината ќе Ви го сврти грбот, Вие погледнете ја во очи! Тешко е да се пишува за раните на својата душа и сѐ тоа да се стави „на парче хартија“, но така им помагаме и на другите, заклучи Велеска.

Издавањето и објавувањето на книгата е поддржано од младите волонтери на Црвен крст Карпош, преку својот Проект за хумани вредности.

Делото е издадено од Издавачката куќа „Збор“ од Велес.