Македонската ракометна репрезентација е елиминирана уште по групната фаза на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Данило Брестовац, убедливо го загубија решавачкиот, трет натпревар во групата за влез во главната фаза на шампионатот од домаќинот Австрија со 32:28.

“Црвено – жолтите“ одиграа катастрофален натпревар, во кој првото полувреме го завршија со негатива од шест гола 12:18. Вториот дел пак беше уште полош, бидејќи на стартот домаќинот направи двоцифрена предност од 23:13. Во преостанатиот дел од натпреварот ракометари се обидоа да ја анулираат негативата, а Брестовац во игра ги стави и ракометарите кои имаа помала минутажа на ова првенство, но без успех. Австриците речиси во цело второ полуврем одржуваше двоцифрена разлика од десет гола. Во последните пет минути од натпреварот и селекторот на Австрија ги повлече најдобрите од теренот, а Македонија го искористи тоа да се избори за попристоен пораз на овој натпревар.

Со една минимална победа над Украина и два порази од Чешка и Австрија, во групата што дефинитивно е најлесна од шесте на овој европски шампионат, елиминацијата е заслужена, но и алармантна за патот по кој македонскиот ракомет се движи во последните години.