Големата награда на Австрија ќе остане на календарот до 2027 година, соопштија од Формула 1. Австријците потпишаа нов четиригодишен договор со челниците на „најбрзиот циркус во светот“.

Големата награда на Австрија се наоѓа на календарот на Формула 1 од 2014 година, а минатата година над три милиони луѓе го посетија „Ред Бул Ринг“ за време на тркачкиот викенд, што е рекорд за оваа патека.

Секако, најголемата поддршка на оваа патека ја имаат светскиот шампион Макс Верстапен и неговиот тим Ред Бул, кој е домашен тим.