Австрија: Од утре, зајакната контрола на веродостојноста на доказот „3 Г“

32
Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, најави дека од утре австриската полиција ќе ја интензивира контролата на исправноста и веродостојноста на доказот „3Г“, односно потврдата за вакцинација, потврдата за прележан ковид 19, т.е. негативнвен тест.
„Само во последните шест месеци најдовме 400 вакви фалсификувани документи“, рече Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.
Контролите ќе се вршат првенствено во гастрономијата.
Нехамер им порача на корисниците на лажните докази:
„Подобро да не ги користите повеќе“.
Тој посочи дека веројатноста ќе биде голема тие да бидат откриени.
Нехамер подвлече дека употребата на лажни докази не е мало кривично дело, туку потешко кривично дело, што значи дека лицето што ги користи може да биде осудено на затвор.
Според законот, казната предвидена за дело измама, фалсификување документи или податоци, односно нивна употреба е до три години затвор, потсети Руф.
Дополнително, таквото прекршување би значело прекршување на прописите, за што е предвидена глоба до 500 евра.
Бројот на заразени лица постојано расте, а во исто време забележлив е растот на лажните докази, потенцираа Руф и Нехамер, поради што е одлучено да се преземат активни мерки.
Нехамер, како што објави, веќе издал наредба до полицијата низ целата земја да започне акција за построга контрола.
Полициските службеници ќе ја користат апликацијата „Зелена проверка“ за да ги проверат доказите за „3Г“, но ќе контролираат и класични пасоши за вакцинација, како и лични документи.