Австрија најави: ЕУ воведува нови санкции против Турција поради Кипар

80

Министерот за надворешни работи во преодната влада на Австрија, Александер Шаленберг,  денеска ги најави санцкиите на ЕУ против Турција.

– Денеска ќе усвоиме низа на мерки против Турција. Тие помеѓу другото ќе вклучуваат помалку пари, помалку кредити од страна на ЕУБ, прекин на преговорите за договорот за авиосообраќај – изјави Шаленберг пред состанокот на шефовите на дипломатијата ан ЕУ во Брисел.

Ставот на ЕУ кон Турција е логичен, нагласи министерот. Тој потсети дека ЕУ никогаш не ја прифати окупацијата на северниот дел на Кипар, и дека поради тоа Унијата стои зад желбата Кипар сам да располага со своите ресурси. ЕУ се противи на турските активности за пронаoѓање извори на гас на Кипар.