Австрија и покажа на Македонија каде и е местото

179

Репрезентативците, но и најверните фанови на фудбалската репрезентација на Македонија, нема по убаво да ги паметат јунските квалификациски натпревари за Европското првенство во 2020 година.

Иако се најавуваа две победи, избраниците на Игор Ангеловски со наведната глава ги завршија дуелите против Полска и Австрија. Во петокот, Полска славеше со минимални 1:0, но во понеделникот, нашиот национален тим со убедливи 4:1, сред Скопје, беше торпедиран од селекцијата на Австрија.

Македонија прва дојде во водство со автоголот на Мартин Хинтерегер, но гостинот направи целосен пресврт со погодоците на Валентино Лазаро, Марко Арнаутовиќ (2) и Конрад Лаимер.

Резултати: Македонија – Австрија 1:4, Летонија – Словенија 0:5, Полска – Израел 4:0. Табела: Полска 12, Израел 7, Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0 бодови.

ФОТО: Петр Стојановски