Австрија го укинува карантинот за 12 земји, меѓу нив ја нема Македонија

70

Многу странски посетители кои доаѓаат во Австрија веќе нема да мора да бидат ставени во карантин од среда, објави денеска министерот за здравство Волфганг Муекстејн, под услов да имаат здравствен сертификат со кој ќе докажат дека не се носители на вирусот.

„Бројот на новоинфицирани опаѓа во многу земји, поради што можеме да објавиме за ова олеснување на мерките, паралелно со нашите чекори кон отворање на земјата“, рече тој.

За да избегнат карантин, посетителите мора да имаат потврда за вакцинација, негативен тест за коронавирус или потврда дека се опоравиле од инфекцијата.

Олеснувањето на мерките се однесува на пристигнувања од Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Португалија, Шпанија и Швајцарија, пренесе „ДПА“.

Луѓето кои планираат да ја посетат Австрија сепак треба да се регистрираат електронски пред да пристигнат, додава агенцијата.