Австрија го забранува хербицидот глифосат кој најверојатно предизвикува канцер

172

Опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (СПО) до австрискиот Парламент достави предлог за забрана за употреба на хербицидот со широк спектар на примена, глифосат, поради сомнеж дека тој предизвикува канцер.

Поддршка на предлогот на СПО даде и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), со што се очекува Парламентот да го одобри, бидејќи двете партии заедно можат да обезбедат мнозинство за негово усвојување.

Се очекува пратениците да се изјаснат по предлогот на пленарната седница закажана за 2 јули.

Според анализите на Светската здравствена организација (СЗО), глифосатот важи за хербицид кој „најверојатно предизвикува канцер кај луѓето“, но неговата употреба во ЕУ е дозволена до 2022 година.