Австриското место Факинг од срам го смени името

92

Fucking на германски не значи ништо, но на англиски јазик зборот има многу експлицитно и добро познато значење.

Австриското село Факинг (Fucking) конечно ќе се ослободи од името кое предизвика многумина да ги крадат таблите со називот на местото.

Локалниот совет објави дека селото во провинцијата Горна Австрија од 1 јануари ќе се вика Фугинг (Fugging).

Факинг, село со околу сто локални жители, честопати беше во вестите бидејќи туристите постојано ги крадеа таблите со називот или објавуваа слики од нив на социјалните мрежи.

Локалното население со години бара промена.

Fucking на германски не значи ништо, но на англиски јазик зборот има многу експлицитно и добро познато значење.

Некои експерти веруваат дека првичното име на ова место потекнува од 11 век, а според локалната традиција, тоа е основано во шестиот век од баварскиот благородник Фоко. На мапа од 1825 година, селото било наречено Фукинг (Fuking).