Австриецот Маер победи во алпска комбинација во Венген

142

Австриецот Матијас Маер победи во трката во алпска комбинација што денеска се возеше во Венген со вкупно време од 2:32,45 минути. Тој беше најбрз во спустот, а залихата успеа да ја сочува и по слаломот за прв триумф во кариерата во таа дисциплина.

Генерално гледано, денешната победа во Венген е седма во неговата кариера во Светскиот куп, но премиерна надвор од брзинските дисциплини – спуст и супервелеслалом.

Второто место го освои Французинот Алексис Пинтуро со заостанување од 0,07 стотинки додека трет резултат имаше неговиот сонародник Виктор Муфа Жанде (+0,67 стотинки).

Со освоените 80 бода, Пинтуро го презеде водството во генералниот пласман од Норвежанецот Хенрик Кристоферсен.