Австралискиот кошаркар и член на Филаделфија, Бен Симонс, изјави дека нема да игра за националниот тим на претстојните Олимписки игри во Токио.

Симонс потфрли со Филаделфија, бидејќи по седум натпревари беше елиминиран од Атланта во полуфиналето на Источната конференција.

Австралискиот кошаркар се најде под огромен удар на критичарите, поради неговите бледи партии на мечевите со Атланта, особено поради (не)ефикасноста во последните четвртини и проблемите во шутот.

Симонс најави дека ова лето ќе го искористи за да работи на себе и да ја подобри играта, па затоа нема да учествува на Олимписките игри.