Авион Ербас А 320-232 на Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул, утрово при слетување на  аеродромот во Дубровник пријавил проблем со хидрауличниот систем на шасијата.

Како што јавија локалните медиуми, пријавено е дека авионот слетал со отворени врати.

Иако сите итни служби биле вклучени на готовност, авионот слетал безбедно околу 8 часот, без каква било интервенција.