Авион на Американ Ерлајнс се врати во Мајами поради непослушен патник без маска

135

Авион на Американ ерлајнс кој летал за Лондон, се вратил во Мајами откако патникот одбил да го исполни барањето да носи маска, соопштија од авиокомпанијата, јави Танјуг.

Авиокомпанијата повикала полиција во Мајами, а синоќа полицајците без инциденти ја извеле жената од авионот на меѓународниот аеродром во Мајами, пренесе АП.

Портпаролот на полициската управа во Мајами изјави дека персоналот на Американ Ерлајнс административно се справувал со патникот.