Приватниот авион чии сопственик е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси, мораше принудно да слета на аеродромот во Брисел.

Причина за тоа биле проблемите со опремата за слетување.

Имено, авионот утрово во девет часот полетал кон Тенерифе, но по 90 минути се вратил во белгиската престолнина.

Како што пишуваат шпаските медиуми  во него не бил славниот фудбалер.

Инаку, Меси за луксузниот авион издвоил 13 милиони евра. На задниот дел од трупот на авионот забележлив е бројот 10, додека на скалите се напишани имињата на сите членови на семејството Меси.