Авганистан ги доби првите дози вакцина против коронавирус од Индија

46

Авганистан ги доби првите дози на вакцини против Ковид-19 од Индија. Станува збор за индиската верзија на вакцината АронаЗенека против коронавирус.

Вакцините први ги примија здравствените работници и старите лица во болницата Вазир Акбар Кан во Кабул.

Вакцината произведена во Индија, локално позната како „Ковишилд“, е првата вакцина што пристигна во Авганистан. Тоа е вакцина произведена од Институтот за серум и е наменета за земји со среден и низок приход.

Извор:МИА