АБА 2: МЗТ Скопје ја реши Сутјеска

74

Кошаркарите на МЗТ Скопје се вратија на победите во АБА 2 лигата. По победите над Слобода, над Спарс и над Рогашка и поразот во дербито со Борац, „металците” вечерва во СЦ „Јане Сандански” ја совладаа Сутјеска со 88:78 во рамки на 16. коло.

По израмнетото прво полувреме што за пола кош им припадна на гостите од Никшиќ (32:33), МЗТ Скопје беше убедлив во третиот период со 27:15 што на крајот се покажа како решавачки за победникот.

Најефикасен во победничката екипа беше Дамјан Стојановски со 28 коша, по 14 додадоа Бојан Крстевски и Ерон Џозеф Харис. Прв стрелец на натпреварот, пак, беше Никола Павличевиќ со 36 поени.

МЗТ Скопје по 16 одиграни меча е втор на табелата со 28 бода, колку што има и Борац, но тимот од Чачак има и натпревар помалку. Во наредното коло, аеродромци ќе гостуваат кај екипата на Сплит.