АБА-2: МЗТ по две продолженија ја совлада Рогашка

74

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва остварија триумф подве продолженија на тешкото гостување кај Рогашка со 90-83 во меч од 14. коло од регионалната АБА-2 лига.

Тимот од Аеродром заслужено дојде до победата во Словенија, бидејќи водеа во поголемиот дел од средбата. Домаќинот имаше по два шута за победа во последните напади во регуларниот дел и во првото продолжение, но одбраната на тимот на Ѓорѓи Кочов беше на висина на задачата.

Во второто продолжение скопскиот тим одигра одлично и со серија 9-2 дојде до предност од 83-76 која се покажа како недостижна за словенечкиот тим.

Со овој триумф, МЗТ останува на втората позиција на табелата во АБА2 со скор 11-3, односно со само една победа помалку зад лидерот Борац Чачак.

Српскиот интернационалец Ѓорѓе Милошевиќ запиша „дабл-дабл” од 30 поени и 11 скока, а Дамјан Стојановски му помогна со 13 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Следниот противник за тимот од Аеродром е лидерот Борац Чачак.