Стадионот на фудбалскиот клуб Тотенхем, е местото каде што најверојатно ќе се одржи борбата во супертешка категорија во бокс за шампионските појаси во ВБА, ИБФ и ВБО верзиите меѓу Британецот Ентони Џошуа и Бугаринот Кубрат Пулев.

Борбата е закажана за месец јуни оваа година, а наводно двајцата боксери се согласиле борбата да се одржи на стадионот на „петлите“ во Лондон.

-Многу сме близу да постигнеме договор. Имав состанок со Ентони, му ги претставив понудите од Далечниот и Блискиот Исток, Африка, Америка и Тунис. Но тој беше повеќе од јасен – сака да боксува дома, пред своите навивачи. Ми рече да заборавам на сите други понуди и да го издејствувам мечот да се одржи во Лондон, изјави промоторот на Џошуа, Еди Херн.

Британецот неодамна неодамна во Саудиска Арабија го победи Американецот со мексиканско потекло Енди Руиз јуниор и си ги врати шампионските појаси, кои повторно ќе ги брани против најдобриот бугарски боксер.