Џошуа го закажа следниот меч

22

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, на први јуни во „Медисон Сквер Гарден арената“ во Њујорк ќе ги прани своите титули (ВБА, ИБО и ВБО) против Американецот Џерал Милер.

Последната борба Џошуа ја имаше во септември минатата година, кога на „Вембли“ го победи Русинот Александар Поветкин. Британецот славеше на последните 22 борби, меѓу кои 21 ја реши со нокаут. Исто така непоразен е и Милер, кој со дека запиша 23 победи.