Свршеницата на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, многу е популарна на друштвените мрежи, а тоа го покажуваат и нејзините објави. Овој пат убавицата објави фотогафија од базен, а во фокусот беше нејзиниот задник.
Иако самата јасно не се гледаше додека позира во базенот, за неколку часа доби над два милиони лајкови, но и стотина илјади коментари.
Ова е нормално кога сте вереница на еден од најдобрите фудбалери во светот, а покрај тоа имате и совршено тело кое никого не го остава рамнодушен.
И додека згодната Шпанка ужива во летото, Роналдо ја почна сезоната со Јувентус. Тој влезе од клупата на дуелот со Удинезе (2:2) и постигна гол во продолжението кој му беше поништен со ВАР технологијата